По 9 години Јапонците најпосле го создадоа Елемент 113

Јапонците најпосле успеаја. Научниците од RIKEN Нишина Центарот веруваат дека го создале Елемент 113, елементот кој недостигаше од Периодниот Систем на Елементи.

Ова е првото откритие на елемент кое доаѓа од Јапонија, елемент кој морал да биде синтетички создаден поради големиот број на протони. Сите други елементи, со исклучок на 113, биле откриени или во Америка, Русија или Германија.

Потребни биле девет години за завршување на овој експеримент. И сега, откако Елемент 113 е создаден, научниците од RIKEN би сакале да започнат со истражување на Елемент 119 и понатаму. [Element 113 conclusively found – Japan will get to name it]

- Реклама -