Професорката Најчевска на својот ФБ профил се огласи во врска со вакцинирањето на децата со МРП вакцината. Според неа со невакцинирањето не се донесува одлука само за сопственото туку и за нечие друго дете.
„Ова со правото на избор за вакцинирањето ми е нешто многу слично на барање право на избор да му даваш на детето да јаде или не. Или, право на избор на која страна од улицата ќе возиш. Или, право на избор да ќењаш на среде улица или не. Или, право на избор да го пратиш детето на училиште или не.
Има одредени цивилизациски достигнувања кои во актуелниот момент од развојот на човештвото се прифаќаат како аксиоми. И се почитуваат се додека не се докаже дека не се добри или дека има и подобри од нив или доколку станат беспредметни како на пример во зењето на десна страна кога ќе почнеме да практикуваме телепортација.
А сега и нешто многу сериозно. Правото на избор како човеково право има граници. Основна граница е правото на другиот.
Кога се зголемува бројот на невакцинирани деца, може да се случат две работи кои ги загрозуваат правата на другите.
Прво, сите оние деца кои од објективни/здравствени причини не можеле да бидат вакцинирани се заштитени во голема мера со тоа што не се изложени на мали сипаници заради тоа што сите околу нив се вакцинирани. Тоа значи дека со невакцинирањето не се донесува одлука само за сопственото туку и за нечие друго дете.
Второ, вирусот на мала сипаница во услови на поголем број невакцинирани деца добива големи шанси да мутира и со тоа да ги загрози и децата кои веќе се вакцинирани, односно да создаде подвид на истата болест. И повторно, некој со својот избор ги загрозува правата на другите.
Заклучок: правото на избор има граници и во случајов тие граници се прекршени и треба повторно да бидат воспоставени. Таму каде што станува збор за население со елементарно образование и помала изложеност на лажни вести и бајачки, не се потребни казни за луѓето да не ги преминуваат овие граници. Таму каде што се уште бајачките имаат главен збор, а иконите поставени на ФБ лекуваат и носат среќа, мора да се применат дрстични мерки“, напиша Најчевска на Фејсбук.