Росоклија: Македонија ќе си добие договорен претседател

Горазд Росоклија, професор на Универзитет „Колумбија“ во Њујорк, смета дека Ѓорге Иванов е последниот македонски шеф на државата, кој ќе го наследи „договорен претседател“.

„За жал, Македонија ќе добие договорен претседател, кој ќе потпишува сè што ќе му поднесат, за доуништување на македонската држава. Едните ќе предложат кандидат сигурен губитник, другите договорниот и глумејќи избори ќе добиеме големо ништо како симбол на државата. Претседателот Иванов е последниот македонски претседател“, одговори членот на Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав на желбата на негов пријател на Фејсбук токму тој да биде новиот претседател на Македонија.

- Реклама -