Десковска: На амнестираните им простивме, ама не заборавивме

Последиците од секој закон за амнестија се исти и од оној од 2001 и од овој сега – простувате, ослободувате од казна, но тоа не значи дека заборавате, вели министерката за правда Рената Дескоска во интервју за Независен.

– Секогаш досега, законите за амнестија содржеле исклучување на одредени дела. Сепак факт е дека исклучувањето во последниот закон е направено на еден поспецифичен начин. Носење на Законот за амнестија не е лесен процес, особено што него го гласаа директните жртви на насилствата од 27 април. Не мислам дека е правен да ги опфати само пратениците. Инаку последиците од секој закон за амнестија се исти и од оној од 2001 и од овој сега – простувате, ослободувате од казна, но тоа не значи дека заборавате. И со тие последици е поважно да се соочиме и да се бориме, со чувството на неправда, со гневот, со грижата за пораката која ја праќате – вели Дескоска.

- Реклама -