Најскапиот сладолед на светот се служи во луксузното одморалиште Маркис Лос Кабос, Баха, Јужна Калифорнија, Мексико. Едно стапче сладолед направено по овој необичен рецепт ќе ве чини едвај илјада долари.
Што е тоа што на овој сладолед му ја одредува екстравагантната цена? Сладоледот е сочинет од деланки 24 каратно злато, смрзнати во „Текилас Премиум Клас Азул Ултра“, специјална марка текила што се продава по цена од 1500 долари од шише.
Деликатесот се служи крај базенот во одморалиштето, на класично пластично стапче, заедно со неколку чоколадни монети. Иако вообичаено со текила подобро оди сол, чоколадото е совршен додаток на сладоледот, затоа што во текилата е измешан шеќер, за подобар вкус.
Доколку не сте по благото, а воедно не сакате да лижете злато, можете да нарачате од специјалната марка текила. Персоналот со задоволство ќе ви принесе чашка, за само 500 долари. [World’s Most Expensive Popsicle Costs $1,000]