Денеска на дневен ред на собраниската седница е предлогот на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка.за намалување на казните за злоупотреба на службената положба преку јавните набавки.
Во овие измени казните за обвинетите по овој член, како што пишува МКД, може да се пронајдат Елизабета Канческа Милевска, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Небојша Стајковиќ, Владимир Пешевски…, би биле многу поблаги или дури би можело да дојде и до ослободување од гонење.
Овие промени во Кривичниот законик беа предложени уште за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога власта почна да се соочува со предметите на СЈО.
Предлагачи на овие измени се пратениците Артан Груби, Снежана Калеска Ванчева, Анета Симеска Димоска, Сашко Костов, Панче Иванов, Бети Рабаџиевска Наумовска, Милева Ѓоргиева, Илија Николовски, Лидија Тасевска, Ивана Туфегџиќ, Мери Лазарова, Горан Мисовски, Жаклина Лазаревска, Александар Кирацовски, Соња Мираковска и Ејуп Алими.