Откако Ен Аптон од Мичиген сфатила дека ниту еден од тројцата синови нема да ја посети за Божиќ, му пишала писмо на Дедо Мраз за да му се пожали дека е осамена.
По мала дојава за содржината на писмото од пријателка на бабичката, поштарот Нил Дубас решил тој да се погрижи за работата на Дедо Мраз. Ги контактирал членовите на Fur-Ever Fosters – здружение кое вдомува бездомни животни, па со нивна помош заеднички ја изненадиле бабичката со подарок по име Ladybug. Како што ќе видите и самите од видеото, Ен не е нешто многу расположена за срцепарателни воведи, ама дефинитивно ќе посведочите почеток на едно ново прекрасно пријателство: