Видеово е снимено од безбедносна камера, па нема аудио, но доволно сте се нагледале слични сцени за да знаете што се случува.
Дечкиве нешто им дофрлија на девојките, а овие не останаа покусо. Дечкиве тргнаа по нив, ама за нивна голема несреќа, налетаа на… непробоен ѕид.
Случката е снимена во Австралија, а момаков во сивиот дуксер е осуден на 11 месеци условно, бидејќи судот го прогласил за агресивен, со образложение дека групата мажи се обиделе проблемот да го решат по мирен пат.
Некои коментираат дека и на самата снимка се гледа дека дечкото во сивиот дуксер стои потрен на ѕидот како едвај да чека некого да затепа. Други коментираат дека можеби е така затоа што ја следел целата случка од претходно, заедно со делот што не го фатила камерата.