Резултатите од најновата анкета на МЦМС и Телма покажуваат дека најголем дел 12,4 отсто на претседателската функција го гледаат премиерот Зоран Заев. П отоа со по 8,2% следуваат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Четври на листата со 6,8%, е Стево Пендаровски, само три проценти поени на петтото место има Бујар Османи, додека некогашниот македонски Обама – Имер Селмани, кој веќе еднаш се проба во претседателска трка има поддршка од 5,8%. Потоа следуваат – Теута Арифи – 3,4 %, Тања Каракамишева – 2,7% , Гордана Силјановска и Трајко Славески со по 2,4 отсто. Толку има и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска – 2,4%. Оливер Спасовски и Мирјана Лазарова Трајковска добија доверба од 1,4% од анкетираните.
Но речиси 19% – идниот претседател не го гледаат во ниту еден кандидат и дополнителни 14,9% – се уште не одлучиле.
Кандидатот кој има најмногу поддршка и меѓу Македонците и меѓу Албанците – е повторно премиерот Заев, зад кого освен 10,2% од Македонците би гласале и 11,2% од Албанците. Втор би бил Никола Димитров, а трет е Стево Пендаровски. Втор значаен елемент е тоа што кандидатите кои не се поврзуваат со СДСМ и се, или независни или се сметаат за потенцијални кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, воопшто не можат да сметаат на гласовите на етничките Албанци. Трета карактеристика – и покрај таа подготвеност кај Албанците од речиси 20 отсто да дадат глас за кандидат Македонец на оваа листа, ако партиите на Албанците излезат со свој кандидат – мнозинството гласови остануваат во тој кампус, при што прв е Бујар Османи – 22,7, Имер Селмани – 20,8 и Теута Арифи – 12,3 %. Но не е незначително и што 12,3 % ниту еден кандидат, а 8,8 % не одлучиле.
Гледано по партиската определеност, впечатливи се одговорите на поддржувачите на СДСМ, после Заев кој е на врвот, втор со 19,7% е Стево Пендаровски, трет Никола Димитров – 13,5 и четврта Шекеринска – 5,8%.