Зошто бебињата на жените што просат секогаш спијат? Кој и со што ги успива?
Жената на сликата е постојано на раскрсницата кај Бит пазар. Детето во рацете секогаш ѝ е успиено. На прашањето зошто секогаш детето спие и што му дава на детето за да спие 5 часа, жената станува агресивна и сака да нападне, пишува на својот фејсбук-профил активистката Мерсиха Смаиловиќ.
Таа апелира да не им се даваат пари на жените со бебиња, особено кога бебето е успиено „со којзнае какви средства“.
Што да се преземе? Ако во МВР пријавите ваков случај, одговорот секогаш е „ние не сме надлежни за тоа“. Во центрите за социјална работа бараат име и презиме или фотографија за да видат дали тие лица се на нивните списоци, за да можат да интервенираат. Од невладините организации велат дека тие постојано се обидуваат да ги тргнат децата и девојките од улиците, но засега без успех.
Декадата на Ромите заврши во 2015 година. Владината Стратегија за Ромите ќе заврши во 2020 година. По раскрсниците во македонските градови сликата воопшто не е променета.
Виа МКД.мк