Претставници на полицијата во Кина велат дека биле шокирани кога забележале човек кој вози две колички од луна парк по улица. Престапникот бил снимен од безбедносни камери како безгрижно вози по прометна улица во Таижу во провинцијата Жеџианг.
Кога бил застанат од полиција тој рекол дека ги транспортирал количките до локален парк и дека ова било најевтиниот начин. Неверојатниот дел е што „бидејќи законот не предвидува казна за управување вакво возило“ тој бил пуштен само со предупредување.
{youtube}HNlKw42cyJ4{/youtube}