“Жолти елеци”

Белгиската полиција фрла солзавци и ги гаѓа со водени топови демонстрантите, кои пак фрлаат камења во близина на владините канцеларии и парламентот во Белгија.

Демонстрантите ги искршија уличните знаци и семафорите во близина на полициската барикада што го блокира пристапот до канцеларијата на премиерот Шарл Мишел, и извикуваа слогани со кои повикаа тој да поднесе оставка.

Тие фрлаа камени плочи, петарди, ракети и други предмети кон полицијата, пренесе АП.

Портпаролката на полицијата во Брисел, Илзе ван де Кир, рече дека околу 400 демонстранти се собрани во таа област.

- Реклама -