Почина актерката Љупка Џундева

МНТ денеска соопшти дека починала актерката Љупка Арсова – Џундева, доајен на македонското глумиште родена 1934 година. Таа го помина целиот свој работен век во МНТ – од 1951 до 1990 година кога замина во пензија. Нејзината последна улога на сцената на МНТ се случи во 2015 година, како Марина во претставата „Вујко Вања“ од Чехов во режија на Зоја Бузалковска.

Џундева играла во првиот македонски игран филм – Фросина, во првата македонска комедија – Мирно лет, како и во бројни други филмови, претстави, ТВ и радио драми.

Добитник е на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“, потоа на Наградата за артистичко остварување доделена од Југословенската радио-телевизија, Орден на трудот со златен венец и Орден на трудот со сребрен венец.

- Реклама -