Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги отфрли како небулозни тврдењата дека вечерта на 27 април наводно подготвувал прогласување воена состојба. Неговите блиски соработницци од кабинетот, Синиша Алексовски и Борис Јосифовски, дале изјава во Обвинителството, а Иванов очекува конечно да се расветли кој го смислил сценариото, ораганизирал и за кои потреби. Посочи дека новата министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, имала време од речиси година и полвина интерно да истражи дали високи претставници на војската биле учесници или дел од оние кои тврдат дека било подготвувано прогласување воена состојба.
ALSAT-M.mk