Меркел сака Германија да биде лидер во вештачка интелигенција

Германската канцеларка Ангела Меркел повика Германија да ја преземе водечката улога во развојот на вештачка интелигенција, пренесува германската агенција ДПА.

„Ако сакаме… раст за нови работни места и благосостојба за сите, тогаш ќе треба да бидеме чекор пред другите во сферата на вештачката интелигенција“, изјави Меркел во неделното видео-обраќање.

„Живееме во ера на дигитализација и тоа значи дека сé што може да биде дигитализирано, ќе биде дигитализирано“, додаде канцеларката.

Вештачката интелигенција се смета за клучна технологија на иднинината, која ќе биде неопходна за самоуправувачките автомобили, роботите во здравствениот сектор и самостојното учење на компјутерите, истакнува ДПА.

Планираните 3 милијарди евра кои германската влада до 2025-та ќе ги инвестира во развој на вештачка интелигенција, се само дел од широката национална стратегија, посочи Меркел.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои
- Реклама -