Присутноста на Кина на Балканот сé повеќе ги загрижува Хан и ЕУ

Економскиот ангажман на Кина на просторите на Балканот предизвикува сé поголема загриженост кај Европската унија, вели еврокомесарот Јоханес Хан – задолжен за односите на Унијата со југоистокот на Европа.

Кина долго се претставуваше како земја која само ги следи своите бизнис интереси, но случајот е обратен; Пекинг го извезува и својот национален модел, рече Хан синоќа на средбата на водечките бизнисмени од германско говорно подрачје која се одржа во австрискиот зимски центар Лех.

 

Одговор на предизвиците од Кина

Изборот е меѓу европската демократија и пазарниот капитализам, од една страна, и диктатурата и непречениот капитализам – од друга, рече Хан.

Тој ја повика Европската унија да најде соодветен одговор на предизвиците од Кина.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

„Би можеле да го преиспитаме кинеското купување на стратешки важните компании“, истакна Хан.

Изградбата на електрани, автопатишта и мостови во шест земји од Западниот Балкан се финансира, според Хан, со кинески пари.

Тој повтори дека надворешната политика на ЕУ треба да стане побрза и поприлагодлива, а тоа, според Хан,  значи дека едногласното носење на одлуки по прашањата за надворешните работи треба да се замени со носење на одлуки со мнозинство гласови на членките.

„Тоа е предуслов за конкурентноста на глобално ниво“, заклучува Хан.

- Реклама -