На денешното рочиште за нелегална набавка на опрема за прислушување за УБК, во Основниот суд Скопје 1 притворениот Сашо Мијалков беше донесен и дочекан од мини-одред од маскирани специјалци. Ова му е прво судење на Мијалков откако на 20 ноември од хотелот „Мериот“ беше приведен во истражниот затвор во Шутка.
Од судот признаваат дека присуството на специјалците, кои стоеја и пред вратата на судницата, не е најпријатно, но образложуваат дека кога МВР има индиции за бегство на обвинет, претседателот на судот мора да дозволи вооружени специјалци да влезат и внатре.
„По бегството на Груевски, МВР и Кривичниот суд сега ќе дуваат и на јогурт“, велат некои од судиите.