„Твитер“ суспендираше лажен „официјален“ профил на Владимир Путин

Компанијата Twitter Inc. соопшти дека суспендирала Твитер профил кој на друштвената платформа лажно се претставувал во име на рускиот претседател Владимир Путин.

„Го суспендиравме налогот @putinRF_eng поради лажно претставување, а на основа на приговор од руски официјални лица“, соопшти Twitter, додавајќи дека суспендираниот профил немал никаква врска со (вистинскиот) Путин.

Врз основа на архивираните фотографии од налогот, се гледа дека е отворен во ноември 2012-та и имал околу 1 милион следачи (followers), а главно објавувал официјални линкови од руската влада за настаните на кои Путин се појавувал.

https://twitter.com/TwitterComms/status/1067937382043811840

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -