Ако мислевте дека швалери што висат голи по балкони се само мит пошо да те претепа или убие сопругот е далеку подостоинствено од прекачување по балкони и трчање гол до дома, се лажете. Баш таква случка имало неодамна во Кина, само со многу поболен крај.
Имено, кога сопругот неочекувано се вратил дома, љубовџијава од нашава приказна решил да го искористи најстариот начин на бегство, па поминал некое време висејќи на прозорот од станот на третиот кат, среде бел ден, пред очите на цел комшилук. Сепак, набрзо испарила и последната капка швалерска сила, па „среќников“ треснал на земјата. Единствено што го спасило било тоа што паднал врз пластичните канти за ѓубре, иако од видеово баш и не изгледа како многу олеснителна околност. Гледајте го видеово на свој ризик – за некои е смешно, ама за други е и прилично вознемирувачко:
Патем, видеово е насловено: „Кога ќе си дојде сопругот на твојата љубовница, а ти не си Спајдермен“.