Јанчев и Тодоров ќе му помагаат на Заев против опструкциите на Мицкоски

По барање на премиерот Заев, Митко Јанчев и Никола Тодоров во саботата се сретнале во еден струмички хотел за да разговараат за политичките случувања и процесот на уставните измени, потврдува градоначалникот на Кавадарци и разрешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за ТВ 24.

На средбата, Јанчев и Тодоров ја ветиле својата помош против „опструкциите од страна на Христијан Мицкоски во делот на уставните амандмани“, а во интерес на државата, вели Јанчев.

Тој очекува што повеќе пратеници да се вклучат во процесот на уставни измени, со цел, како што вели, да се подобри Преспанскиот договор и да се зајакне идентитетот, за доброто на сите граѓани.

Прочитајте и:  Мицкоски: Очекуваме час поскоро да се стави крај на оваа руска агресија и да можеме нормално да функционираме и да се развиваме
- Реклама -