Министерот Дураку за аерозагадувањето и тужбата против државата: Граѓаните може да се тужат, јас не се бавам со граѓаните (ВИДЕО)

Министерот за животна средина – Садула Дураки, за екипата на Сител, на критиките дека 1.5 милион евра се премалку пари за борба против загадувањето, одговори со аргументот дека Македонија не е Швајцарија и дека се троши колку што се има. Тој истакна дека борбата против загадувањето е сега почната и дека, за разлика од досега, сме чекор напред.

Прашањата, пак, за конкретните мерки, како што порача министерот, треба да се упатат кон работната група.

Тужбата за аерозагадувањето и загрозувањето на животот, што граѓани, здруженија и организации најавија дека ќе ја поднесат против државата пред домашните, но и пред меѓународните судови, Дураку ја коментира со зборовите: „Сега јас не се бавам со граѓаните, граѓаните може да се тужат…“.

Прочитајте и:  Донесена Наредба за воведување мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции

Од друга страна, раководителот за меѓународна соработка во делегацијата на ЕУ во Скопје – Никола Бертолини, смета дека проблемот не е во парите, туку во тие што ги трошат.

Повеќе во прилогот на Сител.

 

- Реклама -