Според извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), во Македонија се дише најотровен воздух во Европа.
Затоа, здруженија на граѓански активисти, Меѓаши и новинари за човекови права, покренаа петиција за нула толеранција за аерозагадувањето и загрозувањето на животот што произлегува од истото. Тие бараат помош од адвокат кој би ги застапувал доброволно и без надомест, во процесот во кој ќе ја тужат државата пред домашните и меѓународните судови за енормното (аеро)загадување.
Здруженијата зад иницијативата напомош ја повикуваат и меѓународната заедница која силно се заложуваше за референдумот, да помогне и во борбата за живот и решавање на проблемот со загадувањето.
„Бидејќи животот на децата е доведен во прашање, испративме протестно писмо до сите меѓународни институции и комитети. Дојдено е време некој да си понесе одговорност“, вели Драги Змијанац од Меѓаши.
Според последните истражувања и анализи државата издвојува 300 милиони евра за лекување на граѓаните од последиците добиени од загадувањето а само 1.5 милион за новата владина стратегија Чист Воздух. Активистите остро реагираат на средствата одвоени за 2019 година за животна средина и намалување на загадувањето – само 0.6 проценти од буџетот.
Повеќе на Сител.