Му ја одземале возачката 49 минути откако ја добил

Еден тинејџер успеал да ја изгуби возачката дозвола само 49 минути откако ја добил, соопштува германската полиција.

18-годишникот се враќал дома по успешно положениот возачки испит кога полицијата во градот Хемер го запрела поради предбрзо возење. Како што соопштуваат, младиот Германец возел два пати повеќе од дозволеното, т.е. со 95 км/ч во зона со ограничување од 50 км/ч.

„Некои нешта траат вечно, а некои ни цел час“, соопшти на шега полицијата.

Новопечениот возач со себе во автомобилот возел уште четворица другари и веројатно се обидувал да ги импресионира со своите возачки вештини.

Сега возачката дозвола формално му е одземена на четири недели, но полицијата соопшти дека ќе ја добие назад дури откако ќе заврши со посетување на „скапи дополнителни часови“. Истовремено ќе треба да плати и казна од 200 евра, а ќе добие и два казнени поена на возачката кога ќе му биде вратена. Продолжен му е и пробниот период за нови возачи – од две на четири години, пренесува BBC.

- Реклама -