Automotive Group со Nissan ќе го вози „Трето полувреме“

Automotive Group e една од ретките македонски компании, директни увозници на автомобили во Mакедонија, која со големо задоволство поддржува македонски производи и проекти. Филмот „Трето полувреме“ е токму тоа -­врвен македонски производ што ќе го освои вниманието на секој гледач без оглед дали станува збор за домашна или за странска публика.

Кога екипата на „Трето полувреме“ ни презентираше која е нивната цел и потреба за соработка со Nissan, воопшто не ни беше тешко да се решиме за поддршка на овој проект. Тие не само што сакаат да постигнат гледаност, туку ќе се обидат дигитално да го прикажат филмот низ цела Македонија, дури и до најоддалечените населени места во државата и со тоа да допрат со кино проекција буквално до секој гледач.

Впрочем, соработката на Nissan и „Трето полувреме“ е логична и природна, затоа што и Nissan, како и „Трето полувреме“, сака да биде поинаков, иновативаен, забавен и достапен за сите – што е и идејата зад концептот на Nissan-овите возила, особено моделите Qashqai и Juke.

Со цел екипата од „Трето полувреме“ лесно, брзо и безбедно да ја оствари дистрибуцијата на филмот низ целата територија на Македонија, Nissan ќе им овозможи на режисерот, продуцентот и на дел од актерската екипа, да ги реализираат сите локални премиери со најпродаваниот СУВ во Европа – Nissan QASHQAI, брендиран со логото на филмот.

Очекуваме „Трето полувреме“ да ги урне сруши сите рекорди на гледаност на македонскиот филм и да постави нови стандарди, впрочем, како што и Nissan ги урна сруши сите рекорди во автмобилската индустраија и постави нови стандарди со лансирањето на Qashqai.

- Реклама -