Роман Локтионов е 30-годишен руски стопер и освен ако детално не сте следеле нисколигашки руски фудбал, неговото име до овој момент веројатно ама баш ништо не ви значи. Но по ова, играчот на третолигашот ФК Волгар може и да ви остане во меморијата.
Тој направи нешто што тешко дека некој би помислил дека е можно. На натпреварот од руската трета лига против Владикавказ, на домашен терен, ФК Волгар победи со 1:0 токму со неговиот проектил од слободен удар во 17-тата минута на мечот.
И ништо немаше да биде чудно, ниту вредно да се спомене, ако овој ист фудбалер – Роман Локтионов, не постигнеше идентичен гол, од иста далечина, против истиот противник, во истата минута, на истиот стадион, 7 години претходно.
Колку што знаеме, ова никому досега не му успеало во историјата на фудбалот. А бидејќи е тешко за верување, повелете видео:
You would never believe to this history, but it really happened.
Volgar Astrakhan’s defender Roman Loktionov has scored two identical goals against the same team (Alaniya Vladikavkaz) at the same minute (17) in the same stadium, 7 years one from the other.
Incredible 😱😱😱 pic.twitter.com/ETRxvRfXeH
— Stefano Conforti (@confortistefano) October 30, 2018