Дали би платиле повеќе за лет на кој нема деца?

Што е заедничко за авионските компании и патниците? Никој од нив не сака деца.

Една авиокомпанија од Азија сега сака целосно да ги отстрани децата од авионите. AirAsia ќе забрани присуство на деца под 12 годишна возраст помеѓу редовите 7 и 14, веднаш зад најскапите седишта во нивните авиони „бидејќи ние знаеме дека некогаш сè што ви треба е малку мир и тишина за попријатно патување.“

Според сајтот на компанијата, патниците кои патуваат со деца под 12 години нема да можат да купат билет во тој дел од авионот. Патниците кои патуваат без деца и сакаат да седат во тој дел ќе можат да резервираат седиште без дополнителен трошок. Новиот оддел е наречен Quiet Zone. Според AirAsia, овој оддел нуди:

– минимална бучава
– седишта во предниот дел од авионот
– средина со нежно осветлување

Седиште во Quiet Zone ќе може да се резервира почнувајќи од февруари 2013 година. Патниците кои планираат да патуваат по февруари можат да резервираат билет уште сега. Една третина од учесниците во анкета на ABCNews.com рекле дека се подготвени да платат повисока цена за лет на кој нема деца. [AirAsia – Quiet Zone]

- Реклама -