Американски војници го „ослободија“ Исланд од пиво

Американските војници во базата Keflavik во Исланд, 17 октомври 2018, дел од вежбата Trident Juncture 18.

Голем број од баровите во центарот на Рејкјавик изминатиов викенд останале без пиво, откако биле посетени од американските маринци и морнари кои учествуваат во воената вежба на НАТО наречена Trident Juncture 18 – најголемата НАТО вежба од Студената војна наваму, пренесува американското воено списание Stars and Stripes.

На пат кон Финска и Норвешка, околу 7.000 американски морнари и маринци застанале да протегнат нозе на попатни вежби и одмор во Исланд, кој, за потсетување, има население од околу 340.000 луѓе. Понатаму, можеме да претпоставиме како се одвивале „вежбите“ – едно пиво за успешни вежби, друго за по пат, трето против Русија, четврто за мир во светот… и Рекјавик останал без пиво.

Прочитајте и:  НАТО: Нема индиции за некаков намерен напад на територија на Алијансата

Американските војници порадо се определувале за локални пива и преферирале да ги пробаат домашните, ама не одбивале ни пива од стандардната понуда на баровите во Рејкјавик, наведува американското списание повикувајќи се на локалните медиуми. Во превод, баш и не пребирале – дај шта даш, само пиво нека е.

- Реклама -