Русија има проблем со легализацијата на марихуаната во Канада

Преку соопштение на руското МНР, Русија ја оцени легализацијата на марихуаната во Канада како „неприфатлива и лицемерна“ одлука. Според Русија, новиот закон се коси со меѓународната контрола на дрогата и ќе доведе до значително зголемување на прометот со марихуана кон другите земји, дури и тие кои строго ги почитуваат меѓународните конвенции за контрола на дрогата.

Според Русија, со легализацијата на марихуаната владата на Џастин Трудо ги крши Единствената конвенција за опојни дроги од 1961 година, Виенската конвенција за правото на меѓународните договори од 1969 година, Конвенцијата за психотропни супстанви од 1971 година и Конвенцијата против незаконски промет со наркотици од 1988 година.

„Свесно торпедирајќи го меѓународниот режим за контрола на наркотиците“, велат од Москва, Канада создава најголем пазар на дрога во светот, кој и покрај сите мерки и уверувања дека тоа нема да се случи, неизбежно ќе се прелее и преку државните граници, во вид на зголемен извоз и промет со марихуана со потекло од Канада.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци

via a1on.mk

- Реклама -