Не е ова од оние сознанија што драстично ќе ви го смени животот, ама е едно од оние ситните кои ќе направи да се запрашате: Зошто ова досега никој ми го нема кажано?
Имено, ренде не се држело вертикално, како што го користат веројатно сите (со чесни исклучоци) што ги знаете цел свој живот, и од кои и вие сте научиле, туку обратно, т.е. хоризонтално. Во ваква позиција рендањето е многу полесно, побрзо, попрактично и создава помалку неред. Исто така и отворите на рендете помалку задржуваат од храната и помалку се затнуваат, а после рендањето, содржината едноставно ја истурате во потребниот сад.
Впрочем, убаво си вели твитов: „Дури денес, кога сум со години стара, откривам дека ВАКА се користи ренде… Се чувствувам како будала“.
Ok, I was today years old when I found out THIS is how a cheese grater is used !? I feel a fool pic.twitter.com/OwE0Cvm8ZO
— 𝔅𝔢𝔱𝔱𝔶 (@beasymss) October 12, 2018