Не само што овој автогол е меѓу најсериозните кандидати за автогол на сезоната, туку е и толку чуден и трагичен што веројатно уште долго ќе се врти по видео-компилациите по Youtube.
Во главните улоги се голманот на Штутгарт – Рон-Роберт Зилер, и неговиот соиграч од одбраната Борна Соса, кој изведе аут кон својот гол додека Зилер воопшто не внимаваше на топката.
А сé што требаше Зилер да направи е да не ја допре топката, во тој случај голот немаше да важи и ќе беше досуден корнер…