Тајно гласање – можна опција кон обезбедување на двотретинско мнозинство

Тајното гласање, како една од опциите за обезбедување на соработката на опозициските пратеници, со цел да се постигне двотретинското мнозинство потребно за пристапување кон уставните измени согласно Договорот со Грција, било разгледувано уште пред референдумот, пренесува Независен.мк.

Причина за размислување во таа насока се сознанијата од наводно партиски извори, според кои во редовите на ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои се „расположени да придонесат“ во донесувањето на уставните измени, но се исплашени од реакцијата на партиското членство.

Во однос на тајното гласање, Собранискиот Деловник предвидува вака:

Член 4
(1) Собранието за сите прашања одлучува со јавно гласање.
(2) Собранието со тајно гласање може да одлучува само за избори, именувања или разрешувања на носители на јавни и други функции.
(3) Собранието може да одлучи гласањето да биде тајно по предлог на претседателот на Собранието или на еден пратеник чие барање го поддржуваат
десет пратеници.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Член 98
(1) Тајното гласање се врши со гласачки ливчиња.
(2) Гласачките ливчиња мора да бидат со еднаква големина и со иста боја.
(3) Со тајното гласање раководи претседателот на Собранието на кој му помага генералниот секретар на Собранието и тројца пратеници од различни пратенички групи или од пратеници кои не се организирани во пратенички групи, кои ги избира Собранието по предлог на претседателот на Собранието.
(4) На секое гласачко ливче се става печатот на Собранието.

Откако претседателот на Собранието ќе ги
даде потребните објаснувања за начинот на гласањето, пратениците гласаат на ливчиња заокружувајќи „за“ или „против“, а потоа претседателот на Собранието ги објавува резултатите, и врз основа на истите констатира дали предлогот е усвоен или одбиен.

via Либертас

- Реклама -