Порталот Мкд.мк објавува превод на македонски јазик на Договорот за решевање на спорот со името кој се очекува во сабота во Преспа да го потпишат премиерите на двете држави Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Македонската Влада денеска се очекува да го објави договорот со Грција, кој е најавено дека ќе се потпише во следните неколку дена, а според грчките медиуми, најверојатно в сабота во грчкиот дел на Преспа.
Договорот ќе го потпишат министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а на потпишувањето ќе присуствуваат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и Федерика Могерини, висока претставничка на ЕУ за безбедност и надворешна политика.
Некои грчки медиуми вчера го објавија договорот. Порталот МКД.мк објави целосен превод на договорот според содржината објавена во грчкиот весник Катимерини.
Прочитајте го договорот на македонски јазик на следниов линк.