Билансот од краткотрајното невреме што го зафати Скопје се бутнати дрва, што ветрот успеал да ги откорне дури и од асфалтни површини, оштетени автомобили и поплавени булевари.
Од Бригадата за противпожарна заштита велат дека за сега не се пријавени посериозни штети. Велат дека невремето се движи кон Куманово.
Граѓани дојавуваат за поплавени улици во Центар, Радишани, Чаир, Волково, Бутел и Аеродром. Булеварите низ градот не се поштедени од поплавите, а помалите улици се претворени во реки. Атмосферската канализација не успеа да одговори на предизвикот. Подвозниците, како и при секој дожд, и овој пат се во вода.