Светската фудбалска федерација ФИФА ќе покрене истрага против Барселона. Истрагата е поради сомнение дека каталонскиот гигант тајно преговарал со Антоан Гризман, иако прописите на Светската федерација не го дозволува тоа.
Претседателот на Барселона, Јосеп Марија Бартомеу тајно преговарал со агентот на Гризман, за доаѓање на францускиот напаѓач од Атлетико на „Камп Ноу“. Според најавите, Барселона може да биде казнета да не може да купува играчи на следните пет преодни рока.
Тоа би значело дека Барса нема да може да пазари во следните две и пол години. Таква казна би била многу поголема од тоа да се работеше за некоја парична казна. Каталонците веќе еднаш имаа ваква казна, кога два преодни рока не смееја да купуваат нови играчи.