Нови сознанија: Трудниците треба да избегнуваат кафе и чај

Трудниците кои конзумираат кафе или чај имаат поголем ризик да родат новороденчиња со помала тежина, тврдат британските медицински истражувачи. По ова сознание, резултат на новите истражувања, британската Food Standards Agency (FSA) ја намали препорачаната количина на внес на кофеин за трудници од 300 на 200 милиграми дневно.

Со оглед дека помалата телесна тежина кај бебињата се поврзува со подоцнежни болести на срцето и дијабетес, новата препорака за внес на кофеин ја прифатија и американските здравствени институции.

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми
- Реклама -