Секој родител го сака најдоброто од своето дете. Повеќето од нас ги учат нашите деца да бидат добри и искрени. Но, што прават богатите родители? Тие не забораваат за финансиската писменост на нивните наследници.
Милионерот Стив Сиболд веќе 34 години ги проучува карактеристичните моменти во воспитувањето на децата во семејствата на успешните и богатите луѓе. Тој анкетирал повеќе од 1200 милионери и милијардери, а главното прашање било: Што им велите на своите деца кога им објаснувате што е финансиски успех?
Оттаму, еве ги и петте најважни совети кои родителите-милионери им ги даваат на своите деца:
1. Опкружете се со успешни луѓе
Луѓето со кои комуницирате се од голема важност, советуваат богатите родители. На пример, можете да се вклучите во спортовите што ги играат богатите и успешните, како голфот.
Ви требаат богати пријатели, вели Сиболд. Во најмала мера, во нивно присуство ќе бидете под влијание на нивната перцепција за сè што е поврзано со богатството. Ова во голема мера ќе ви ги прошири хоризонтите.
2. Правете пари со решавање на проблеми
Еден од најбезбедните начини да заработите пари е да помогнете во решавање на широко распространет проблем.
„Богатите луѓе решаваат значајни проблеми и се платени/наградени за нивните напори. Ако го трошите своето време на забава, ќе страдате од недостаток на пари во текот на целиот живот. Ако го вложите своето време во решавањето на туѓи проблеми, никогаш нема да имате проблем да платите кирија”, вели Сиболд.
3. Занимавајте се со нешто што ви е омилено
Ќе имате повеќе мотивација за да заработите повеќе пари ако практикувате професија која ја сакате.
Тешко е да го вложите своето време и енергија во работа која прави да се чувствувате лошо, вели Сиболд. Според него, кога наутро се будите со желба да го почнете работниот ден, е тоа е формулата за финансиско изобилство, емоционална исполнетост и задоволство од животот.
4. Парите трошете ги паметно
Без разлика колку пари ќе заработите, никогаш нема да станете милионер ако не научите правилно да ги раководите. Прекумерното трошење може да ве доведе до неуспех. Ова секојдневно им се случува на милиони луѓе.
5. Вие го заслужувате вашиот успех
Само луѓето кои веруваат дека заслужуваат да бидат богати стануваат такви. Треба да знаете дека многу луѓе се заблудуваат дека паричната благосостојба е судбина само на неколкумина. За да постигнете успех во животот, мора да верувате дека го заслужувате.