Јапонците кои не можат да си дозволат лично да ја посетат Европа почнале да ги праќаат своите играчки на одмор. Претставници на компанијата “Barcelona Toy Travel” велат дека се преплавени од барања да носат играчки на тура низ градот.
Компанијата наплатува 70 евра за да прошета едно мече низ Барселона на шестдневно патување и му праќаат на сопственикот фотографии на кои нивниот пријател е прикажан пред неколку значајни споменици. Сопственикот исто така ќе добие и разгледница, по што ќе му биде вратена и играчката. Портпаролот на компанијата вели дека прифаќаат посетители од која било земја во светот.
Но, поради некоја причина Јапонците се најзаинтересирани за овој тип услуга и тие се одговорни за повеќе од половина од нивната работа. „На вашиот миленик му нудиме неколку дневна прошетка низ Барселона, еден од најинтересните и најубави градови во светот. Пријателчето ќе може да ги види богатствата на историската и модерната архитектура, прекрасни плажи и да ја вкуси медитеранската кујна и ќе има шанса да се запознае со авантуристички настроени играчки од целиот свет“ додал тој. [Barcelona Toy Travel]