Побалканска приказна од оваа, амин.
По социјалните мрежи се врти фотка од погреб во село Друговац, во Смедерево во Србија. Попот, викан Ненад, бил толку ќутук пијан што не можел да оди заедно со поворката на погребот.
Ужалените роднини на починатиот, немајќи што друго да направат, го товариле попот барабар со ковчегот.
Нас ни останува само да се надеваме дека Ненад откако поспал успеал да се подотрезни и да ја испее молитвата. Додуша, судејќи од сликата, шансите за такво нешто биле минимални.