Сакате мирис на ванила? Тогаш повелете еден исклучиво едноставен и проверен начин за сами да си ја направите омилената арома, и тоа во домашната работилница. Едната предност е што ќе заштедите доста пари, а другата – тоа што ќе бидете сигурни во квалитетот и состојките користени во „производството“.
Потребно ви е:
• лимон
• екстракт од ванила
• вода
Подготовка:
Исцедете еден лимон и во сокот додајте неколку капки екстракт од ванила. Ако сакате мирисот да биде посилен, ставете повеќе екстракт.
Добро промешајте. Во мешавината додајте шолја со средна големина вода, и варете во плиток сад. Кога течноста ќе проврие, варете уште 2 минути.
Мешавината ставете ја во фрижидер на 5 минути за нагло да се олади, а потоа повторно зовријте ја и варете уште 2 минути.
Смесата пресипете ја во садот во кој планирате да го чувате парфемот, па одново ставете ја во фрижидер да отстои барем час и нешто.