Роби Севиџ имаше добра кариера. Почна во младата постава на Манчестер Јунајтед и одигра повеќе од 600 мечеви за Лестер, Бирмингем, Блекбурн, Дарби и други.
Влетуваше во скандали и јазикот му беше брз и кога беше фудбалер, а откако прекина да игра фудбал, медиумите во него видоа фигура што ги зголемува рејтинзите. Сега пишува колумни, снима риалити шоуа и е официјален аналитичар на BBC Radio 5 Live. Во принцип е истата луда глава како кога беше и фудбалер.
Да, сега е читан, а студијата во неговото присуство бележат добри рејтинзи. Сепак, не може да се рече дека навивачите го прифаќаат Роби Севиџ како сериозен коментатор. Освен што му ги памтат бламовите, како да го сфатат сериозно човекот што има тетоважа на… логото на Армани?
Пред неколку години таблоидите на островот пишуваа дека Севиџ ја отстранил сликата, но архивите остануваат. И тој самиот признава дека за натпреварите патува(л) преправен за да не го препознаваат навивачите на возовите. Но, не често му успева. Покрај другите мајтапчиски досетки, навивачите редовно му пеат и: „Роби – куклата на Армани“. Со други зборови, тешко се бега од тоа што сте го пишале со мастило под кожата.
Но Севиџ може да спие мирно како бебе кога во предвид ќе го земеме Артур Боруц. Дечкото на стомакот има тетовирано наведнат мајмун, а папокот му се совпаѓа со местото на мајмунот на кое веќе помислувате.
А како што ќе видите од галеријата, овие двајца не се сами. Очигледно од нивните тетоважи, многу од играчите не можат нештопосебно да се пофалат со нивната интелигенција, или барем сенс за естетика.
Ова во продолжение е српскиот фудбалер Урош Витас. Тоа лев е жена му, а тоа десно тетоважа-портрет од жена му. Додуша колку добро е нацртана, може да е и било која друга жена.
Чилеанскиот репрезентативец Маурисио Пинила си го има овековечено ударот кој за малку ќе му донесеше инфаркт на цел Бразил за време на Мундијалот 2014. Тој ја погоди пречката за време на осминафиналето во последните секунди од продолженијата. „На еден сантиметар од славата“, му гласи тетоважата. Што е малку глупо да си го тетовираш како најголем успех во животот (зашто телото не е резервирано само за кариерата).
Ногата на Даниеле де Роси. Очигледно ѕвездата на Рома со ова сака да покаже дека специјализира во ампутирање нозе на фудбалските терени.
Кристијано Виери – сепризнат плејбој на фудбалските терени, а самиот тој терен за лоши тетоважи. Стрелка, кинески букви и трајбол во едно купче – покич здравје.
Поранешниот италијански репрезентативец Алесандро Диаманти и неговите „кул“ тетоважи. Кул како цртежи на осмооделенец на школска клупа.
Поранешниот италијански репрезентативец Амато Чичирети, кој сега е во Парма, си го има тетовирано Твитер профилот, сосе логото на Твитер, нели. Замислете да му го затворат.
Јес да прасево на раката на Алберто Џилардињо се врти како меме на интернет, ама дефинитивно не е толку добро за да си го имате истетовирано на рака, кај што е прилично видливо.