Конфучиј се појави на плоштадот Тиананмен

КонфучијОгромната скулптура на филозофот Конфучиј била претставена оваа недела на едниот крај на огромниот плоштад. Ова е неочекуван потег со оглед на тоа што комунистичката партија го тренира плоштадот како света земја: мавзолејот на Мао Це Тунг се наоѓа во средината, а неговиот огромен портрет виси на едниот крај.

Поставувањето на оваа статуа во политичкото срце на Кина е досега најјасното прифаќање на стариот мудрец и неговите учења. Конфучиј во моментов поминува низ повторно оживување, во книги и филмови, на телевизија и во училните. Неговата порака за хармоничен социјален ред и почитување на авторитет не претставува закана за партијата, а неговото потенцирање на етиката се шири меѓу Кинезите кои се справуваат со брзите социјални промени поттикнати од брз економски раст.

Владата сè повеќе ја користи популарноста на филозофот за зацврстување на националниот идентитет. „За растот на голема држава е потребна културана основа, кинеската култура го подржува духот на хармонија“ изјавил Ву Веишан, скулптор кој создал над 200 статуи на филозофот. „Основните мисли на Конфучиј се љубов, добрина, мудрост и дарежливост. А мирот и просперитетот се она кон што се стремат луѓето.“

На бронзената скулптура, висока 9,5 метри, Конфучиј е прикажан со сериозен израз. Скулптурата е поставена на источната страна на плоштадот и е свртена кон портретот на Мао. Кинеските туристи се согласни дека учењата на Конфучиј имаат порака за модерна Кина, каде што консумеризмот станува национална преокупација. [Confucius shows up on China’s Tiananmen Square]

- Реклама -