Ако хипнотизирате кокошка со методов од видеото, ќе седи така неподвижна од 15 секунди па можеби и до 30 минути.
Етолозите го викаат „тонична неподвижност“. Се работи за природна состојба на полупарализа што се јавува кај некои животни кога се соочени со закана, и служи како одбранбен механизам наменет да лажира дека животното е мртво. Што не значи дека и кај кокошките функционира како што треба.
Инаку, техникава ја има споделено и Хемингвеј во неговата „Опасно лето“, а ја спомнува и Иги Поп во „Lust For Life“.