Според советите на Андреј Ивановиќ Заломљеников, фармацевт и фитолог со 25-годишно искуство.
Пчелиниот мед е единствен природен производ кој позитивно делува на слузокозата на желудникот. Со редовното консумирање на мед се нормализира секреторната и моторната активност на желудникот.
Истражувањата покажуваат дека медот влијае на намалување на лачењето на желудочниот сок и неговите киселини во случај на хипертрофичен гастритис, но и дека ја зголемува киселоста и количината на пепсин по аниличен гастритис.
• Во случај на засилени киселини и болки, лечењето со мед во повеќето случаи е поефикасно од другите лековити препарати.
Уникатноста на медот како лековит препарат се гледа и во тоа што можат да го користат не само лица кои имаат проблем со појачана киселина, туку и оние со смалено ниво, сé до нула.
• Конзумирање на мед еден до два часа пред јадење
Го снижувате нивото на киселини на желудочниот сок, а воедно и лачењето на пепсинот. Со консумирањето на мед непосредно пред јадењето го подигнувате нивото на киселини во желудникот.
Совет: Јадете мед три до четири пати на ден, бидејќи вкупната препорачана дневна количина не треба да биде поголема од 150 грама. Се советува наутро и навечер по 30-40 грама, а преку ден 50 грама. За да го забрзате ефектот и спречите нова појава на гастритис, терапијата со мед може да се комбинира и со лекови и фитотерапија.
• Медот може да се растопи во превриена и оладена вода (до 38 степени, бидејќи во врела вода ги губи лековитите својства): во таквата млака вода медот побрзо се апсробира, ја НАМАЛУВА киселината и не го раздразнува желудникот; растворен во ладна вода ја ЗГОЛЕМУВА желудочната секреција и ги иритира цревата.
Лечење: Од еден и пол до два и пол месеци. Се користат разни видови мед – ливадски, липин, од репки и други видови, кои вам ви се најпогодни.