Како изгледа вртење на најголемиот хулахоп на светот (видео)

Јуја Јамада е сопственик на последниот Гинисов рекорд во успешно вртење на алуминиумски хулахоп со дијаметар од 5.14 метри.

Јамада локално е познат по своите необични трикови – на пример, може да врти хулахоп и додека трча. Арно ама, вртење на хулахоп со дијаметар од 5.14 метри е сосема поинакво од вртење на обичен. Наместо да ја мрдате половината, морате буквално да трчате и да се вртите во обрачот. Изгледа смешно, ама всушност е многу прецизна вештина – тајмингот мора да е совршен.

Јамада беше рекордер и претходно, со вртење на обрач од 4.93 метри, но наскоро беше победен од Ашрита Фурман – кој вртеше 5.04-метарски. Во ноември лани Јамада реши да го поврати рекордот. За успешно вртење се смета кога хулахопот ќе го завртите најмалку 3 пати, што на Јамада му појде од рака мошне лесно, и тоа на Денот на Гинисовите рекорди.

Ѕирнете и дел од триковите. Најинтересното е од 3-та минута во видеото:

- Реклама -