Ричард Брансон сака да основа колонија на Марс

Претседателот на Virgin Airlines, Ричард Бренсон, неодамна во интервју за CBS News изјави дека сака да започне колонија на Марс – во која би сакал да живее.

Тој зборувал и за своите планови да нуди дво-часовни комерцијални летови во вселената за цена од само 200.000 долари бидејќи е поттикнат од желбата да им овозможи на луѓето да одат во вселената. Брансон вели дека дво-часовните летови се само почеток за неговите интергалактички напори.

„Мислам дека во текот на идните 20 години ќе испратиме буквално стотици илјади луѓе во вселената што финансиски ќе ни овозможи да направиме уште поголеми работи. Тоа ќе ни овозможи да испраќаме сателити за само дел од сегашната цена, што би било неверојатно корисно за илјадници различни причини.“

Брансон додал дека тој ќе биде првиот патник на Virgin Galactic. „Јас, заедно со моите деца, ќе бидам во првиот лет во вселената идната година.“ И додека други се жалат за ограничувањето на буџетот на NASA, Брансон вели дека тоа е позитивен развој за приватниот сектор. „Демократската партија одлучи ,Да му дозволиме на приватниот сектор да придонесува’, И тие се во право. Приватните компании можат да го постингнат истото за дел до цената.“

Но Брансон сака повеќе од обични посети на вселената за два часа. „Решен сум во мојот живот да помогнам во основање на население на Марс. Мислам дека тоа е абсолутно реалисточно. Ќе се случи.“ Но Брансон вели дека колонизацијата нема да биде многу убава – првите доселеници ќе мораат да живеат под „џиновски куполи“ и „нема да можат да поминуваат многу време надвор.

- Реклама -