Истражувањата покажуваат дека луѓето кои пушат константно повеќе од пет години почесто се соочуваат со болести на белите дробови, како бронхитис и кашлица. За да ги избегнете овие иритации и да ги исчистите белите дробови од отрови, испробајте го овој рецепт. Викаат дека имал магични резултати.
Потребни состојки:
• 1 литар вода
• 2 лимона
• шолја нане
• 2 лажици ѓумбир
• 1 горка диња
Подготовка:
Исечете го лимонот на крукчиња (кришки) и ставете го во водата. Додајте ги листовите нане и ѓумбирот. Горката диња исчистете ја од семките и исечете ја на мали парчиња и додајте ја во водата. Напитокот чувајте го во фрижидер околу пет часа.
Употреба:
Напитокот се пие три дена, секој ден по две шолји. Потоа направете пауза, па истата процедура повторете ја за месец дена.