Какви навики имаат здравите луѓе?

Постојат многу мали работи со кои може да допринесете за добро здравје, а секако постојат и навики кои треба да ги исфрлите за да го зачувате истото.

Ако сакате со малку труд да постигнете да се чувствувате подобро, слушајте ги советите на експертите.

Мали, но значајни работи кои здравите луѓе ги прават секој ден:

1. Си легнуваат до 22 часот
Веќе добро знаете дека недоволниот сон може сериозно да му наштети на здравјето, но исто така е важно во кој период ќе ги спиете тие 7-8 часа. Според последните истражувања најдобро е да си легнете помеѓу 22 часот и полноќ.

2. Дишат длабоко
Медитацијата или длабокото дишење може да направат многу повеќе од асмо да ве фокусираат. Докажано е дека ја намалува анксиозноста, го регулира шеќерот во крвта и му помага на имунолошкиот систем. Посветете 10 минути во денот на медитација помеѓу 13 и 15 часот.

3. Се поврзуваат со други луѓе
Луѓето кои се во добри врски живеат подолго, се чувствуваат посреќно и се поздрави севкупно. Едно истражување покажало дека да се има социјални врски има исто толку бенефит за ризикот на смрт како и откажувањето од пушење цигари. Поминувањето време со пријатели и семејство може да ви помогне да се ослободите од стресот, што е многу важен фактор за здраввјето.

4. Јадат јаткасти плодови
Јадењето одредена количина јаткасти плодови 5 или повеќе пати неделно, го намалува ризикот на умирање од кардиоваскуларни болести, а има и уште многу други бенефиции. Тие се одлични за контрола на тежината, за подобрување на метаболизмот, видот и мозокот.

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми

5. Раздвижени се
Знаете дека мора да вежбате за да останете здрави, но одењето во теретана редовно не е доволно, ако исто така поминувате долг период во денот на столче или во кревет. Кога седите долго време, го уништувате телото. Секако не треба да дадете отказ ако работата ви е со седење, но потрудете се одвреме-навреме да станете и да се размрдате 2-3 минути.

6. Се смеат
Ова може да ви биде изговор и да изгледате некоја комедија. Кога добро се смеете „од стомак“, всушност трошите калории и се чувствувате посреќно. Смеењето може да ве ослободи од стресот и да ја подобри меморијата.

7. Готват сами
Здравите луѓе избегнуваат готова храна од надвор, а уште повеќе брза храна и наместо тоа се обидуваат да готат домашна храна која може да им помогне да изгубат или да ја одржат посакуваната тежина и да избегнат заболувања. Подобрете го квалитетот на вашиот живот преку здравата исхрана.

8. Излегуваат надвор
Трудете се да поминувате повеќе време надвор на воздух бидејќи тоа е добро за менталното здравје, а исто така и ве одржува во движење. Прошетките во шума или парк наместо низ улиците на градот се многу добар избор. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои поминуваат време во природа имаат помалку негативни мисли и подобро расположение.

- Реклама -