2-годишно дете од Шангај го заклучило iPhone-от на мајка му на вкупно 25 милиони минути. Наводно упорно се обидувало да внесе погрешна лозинка.
Мајката изјавила дека на синот му било дозволено да го користи нејзиниот телефон за да гледа „едукативни видеа“. Меѓутоа, додека била излезена, малиот толку пати пробал да внесе погрешна лозинка, што телефонот останал заклучен на 48 години, пренесува South China Morning Post.
Како што истакнува еден кинески техничар, тој има видено и телефони кои се заклучени на 80 години. Во теорија истото би можело да ви се случи и вам, под услов да се најде некој упорен што доволно долго ќе го внесува погрешниот код.
Безбедносниот систем на Apple го заклучува уредот на одредено време кога ќе се внесе погрешна лозинка, а тоа време се продолжува со секој нареден неуспешен обид да се отклучи телефонот.
Проблемот се решава со фабричко ресетирање на телефонот, што значи дека ќе ги изгубите сите податоци, освен ако му немате направено backup.