Со мочање под туш ѝ помагате на планетата

Сите го прават, ама никој не признава. А во суштина нема простор за срам, напротив, таквото однесување можете слободно да го браните со аргумент. Аргумент поддржан и од здравиот разум, и од експертите во полето.

Математиката е проста. Секогаш кога ќе пуштите вода од казанче, трошите по 7 литри вода. Со оглед дека еден човек во просек кратка нужда извршува 7 пати дневно, тоа значи дека дневно троши по 49 литри.

Тоа се 17.000 литри тотално употреблива вода годишно. Ќе се сложите, тоа е прилично расипнички голема количина за така банална употреба.

Е сега, ако истово ова го обавувате додека се туширате, нема вие лично да заштедите којзнае колку вода. Ама на ниво на четиричлено семејство, веќе ова добива смисла. А замислете на ниво на цел свет, колку вода ќе се заштеди ако секој ја користи секоја прилика да ја испразни бешиката додека се тушира. Не е малку, нели?

 

- Реклама -