Сексистички коментар на улица во Франција ќе те кошта парична казна

Француската влада воведува парични казни за сексистички коментари, недолично довикување (познато и како „catcalling“) и друг вид на вознемирување на улица.

Новите мерки, според министерот за внатрешни работи Жерар Коломб, ќе стапат на сила во некој од следните месеци, но сé уште не е прецизирано како ќе се спроведуваат.

Група француски пратеници предложија „коментирање, однесување или притисок од сексистички или сексуален карактер“ што резултира со понижување, вознемирување, или е од навредлив или непријателски карактер, да биде казнувано со парична казна, и тоа во износ од 90 евра.

Француската влада подготвува нов закон против сексуално насилство и вознемирување, кој во јавноста ќе биде претставен следната недела. За дел од измените веќе пишувавме.

- Реклама -